Достапни линкови

logo-print

Сараево: БИХ одзеде 300 државјанства


Босна и Херцеговина им го одзеде државјанството на повеќе од 300 лица, од кои најголем број беа натурализирани за време на војната од 1992 до 1995 година. По терористичките напади во Соединетите Држави на 11 септември 2001 година, Босна беше критикувана поради тоа што им одобри државјанство на лица за кои постоеше сомневање дека се поврзани со терористички организации. Некои од лицата на кои им беше одобрено босанско државјанство беа муслимански волонтери кои доброволно се бореа за време на војната.
XS
SM
MD
LG