Достапни линкови

Берлин: Солана потсети на европската иднина на балканските земји


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Хавиер Солана потсети европската иднина на балканските земји и се изјасни против трајно утврдување на надворешните граници на ЕУ. Во интервју за германскиот весник Цајт тој вели дека границите не можат да се издлабат во камен и Унијата не може конечно да ги одреди. Според оценките на Солана, Унијата може да одлучи да не се шири повеќе од кругот на оние со кои веќе се започнати преговори или оние на кои им ветиле јасна европска перспектива, како балканските земји.
XS
SM
MD
LG