Достапни линкови

logo-print

САД остануваат стратешки партнери, смета власта, опозицијата критикува


Америка останува еден од најважните стратешки партнери на Македонија, велат од министерството за надворешни работои по посетата на Милошоски на Сирија земја која нашите поддржувачи Соединетите држави ја сметаат за спонзор на тероризмот, а тврдат дека и власите во дамаск ги подржуваат милитантните блискоисточни групи како хамас и Хезболах.

„Посетата на министерот на Сирија е пред се поврзана со нашите интереси за развој на економската соработка во тој регион,“

изјави Шпреса Јусуфи од МНР. За време на владата на Љупчо Георгиевски вицепремиерот Васил Тупурковски во потрага по странски инвестиции воспостави дипломатски односи со Тајван, сепак аналитачарите велат ситуацијата е друга тоа е непризнаена земја, а од Јусуфи од МНР додава:

„Не се работи за авантура од тој тип, напротив ова е еден осмислен чекор.“

Лазар Китаноски од СДСМ и поранешен министер за одбрана со критики за посетата

„Во најмала рака посетата е збунувачка. Во секој случај нелогична. И ниту е одбрана земјата, бидејќи ние сме во стратешко партнерство со САД, ниту моментот. Мислам дека таа посета не ги дава сите елементи кои може да се одразат на нашата позиција во очи на идниот самит на НАТО за прием на нови членки.“

Тој не очекува некои јавни реакции од Америка по иницијативата за продлабочување на односите со Сирија. Аналитичарите претпазливи со своите коментари:

„Ако го земеме пристапот на реал политик, тогаш би требало да имам сериозни аргументи за економската наша политика, поради кои би требало да се оглушиме на она што доаѓа како препорака од Вашингтон,“

изјави Билјана ванковска од Филозовскиот факултет во Скопје која додава дека за развивање на економски односи има лица во владата задолжени само за таа област. Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки со поинаков став

„Не верувам дека ќе има неповолни ефекти таа посета, бидејќи се работи за билатерлани односи, пред се, стопански.“
XS
SM
MD
LG