Достапни линкови

Вашингтон: Буш го потпиша законот за поддршка на Јадранската група за прием во НАТО


Американскиот претседател Џорџ Буш вчера го потпиша законот со кој се поддржува приемот на Македонија, Хрватска, Албанија, Грузија и на Украина во НАТО. Покрај поддршката на приемот на петте држави во Алијансата, со Законот истовремено и се одобрува дополнителна воена помош за петте држави. Согласно Законот, трите земји од Јадранската група, како и Грузија и Украина се определуваат како држави на кои може да им биде доделена воена помош од тековната буџетска година која истекува на 30 септември.
XS
SM
MD
LG