Достапни линкови

logo-print

Мукдадија: Најмалку 14 лица загинале во самоубиствен напад


Во самоубиствен напад пред полициска станица во ирачкиот град Мукдадија, најмалку 14 луѓе загинале, а 20-тина биле повредени. Цел на нападот биле околу 200 регрути кои чекале пред станицата. Во Багдад, тројца американски војници загинале, а еден бил повреден кога нивното возило налетало на мина. Во меѓувреме, ирачкиот премиер Нури Ал Малики, кој е во посета на Јапонија, оцени дека не е добро да се поставуваат рокови за повлекување на американските сили од Ирак.
XS
SM
MD
LG