Достапни линкови

logo-print

Во последно време зачестени критики за Македонија


За разлика од пред неколку години кога Македонија добиваше позитивни оценки за борбата против трговијата со луге во последно време позачестени се критиките. Македонија прави напори, но сеуште не ги исполнува целосно минималние стандарди за искоренување на трговијата со луге, се вели во последниот извештај на стејт департментот. Понатаму се укажува на тоа дека не се применуваат енергично законите за борбата против трговијата со луге. Стручната јавност смета дека оценките во последно време се понеповолни поради тоа што мегународниот фактор сега има поголеми очекувања од земјава

„Во самите заклучоци се дадени построги критериуми. Се очекува поголеми резултати.“

Изјави Златко Димовски предавач на Полициската академија во Скопје кој додава

„Меѓутоа имаме сега доста инструменти во рацете, преку специјални истражни мерки, соработка со меѓународните организации и невладиниот сектор.“

Стејт департментот бара земјава да ја зголеми финансиската и логистичката поддршка за невладините организации што на жртвите им обезбедуваат заштита и помош. Една од невладините организации Отворена Порта има прифатилиштето за жртви на трговијата со луге кое работи од летото 2005. Оттаму објаснуваат дека жртвите многу ретко речиси никогаш не се пријавуваат сами. Причините за тоа ги објаснува Маја Варошлија од прифатилиштето

„Можеби не можат да се препознаат самите како жртви на трговија со луѓе. Потоа можам да кажам дека според тоа каде живееме и какво е општеството се плашат од осуда од општеството.“

Од Отворена порта информираат дека минатата година се пријавени само 10 жртви, оваа година 1 лице, а во втората половина на 2005 се пријавени 7 лица. Од што, како што велат може да се констатира дека има благ пораст на бројот на пријавени жртви во прифатилиштето.
XS
SM
MD
LG