Достапни линкови

logo-print

Старт на Законот за конфискација на нелегално стекнатиот имот


Новиот закон за конфискација на имот стекнат со криминал и корупција според најавите од Министертсвото за правда би требало да почне да се прменува во втората половина на оваа година. Во мегувреме додека тимот од експерти и преставници на надлежните институции го подготвува законот од најголемата опозиционата партија СДСМ стигнаа првите заблешки. Пратеничката Цветанка Иванова вели дека тие не биле консултирани и сеуште не ги виделе предлозите за законските решенија. Таа предупредува дека треба да се внимава при нивното презицирање

„Се зависи од решенијата, но многу е важно какви решенија ќе содржи законот, затоа што може да се претвори во политичка пресметка,“

Нуман Лимани државен секретар во Министервото за правда пак тврди дека нема да се дозволи законот да се сведе на мегупартиска пресметка

„Не верувам и убеден сум дека нема да има политички реваншизам.“

Според Слаѓана Тасева поранешен член на Антикорупциската комисија донесувањето на овој закон е неопходно за борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот а таа борба како што вели е најуспешна кога криминалците ке се удрат по парите кои нелегално ги стекнале. Стравувањата пак законот да не прерасне во орудие за борба против политичките неистомисленици според Тасева ке се избегнат доколку се применуваат мегународните стандарди за заштита на човековите права

„Јас тврдам дека ние правилно ги имплементираме стандардите ние ќе обезбедиме заштита на човековите права.“

Инаку според најавите од министерсвото за правда потеклото на парите со кои е купен имотот ке се испитува кога надлежните институции ке имаат сознанија дека средствата се стекнати со криминал но ке постапуваат и по пријава од граганите. Одкога имотот ке се конфискува постојат неколку солуции. Имено дел од него ке оди на јавна продажба а дел ке остане во сопственост на државата.
XS
SM
MD
LG