Достапни линкови

Киргистан: Протести за поддршка на барањата на опозицијата за политички реформи


Во Киргистан денеска се одржуваат протести за подршка на барањата на опозицијата за политички реформи. Како што јавуваат репортерите на Слободна Европа протести има во регионите Јушкол, Чуи, Талас и Нарин. Според Обединетиот Фрон за подобра иднина на Киргистан во среда ќе бидат одржани протести во главниот град Бишкек. Фронтот бара уставни реформи и оставка на претседателот Курманбег Алиев. Во меѓувреме пред Парламентот продолжува штрајкот со глад на 100 тина лица.
XS
SM
MD
LG