Достапни линкови

logo-print

Македонските компании треба да вложуваат во развој на сопствените менаџери


Краткиот период од градењето на пазарни односи во Македонија, сеуште слабото искуство во развојот на претпримеништвото и воведувањето на светски стандарди во начинот на нивно работење, се главните проблеми што државава неможе на пазарот на трудот да понуди добро обучени менаџерски кадри според светските стандарди, кои ќе заземат врвни позиции во домашни но и во интернационални компании кои вложуваат во земјава, ќе учествуваат во донесвуањето на стратешки одлуки... Васко Бошевски од седиштето на АИМС (Емс) интернешнал во Скопје интернационална комапнија која работи на пронаоѓање на кандидати за своите клиенти од досегашното искуство потенцира:

„Во Македонија заради непостоењето на капитализмот, тешко е да најдеме луѓе кои имаат над десет годишно релевантно искуство во одредени сектори.“

Освен пазарот кој диктира и соодветно работно искуство, Бошевски од досегашното искуство со компании за кои регрутирле менаџерски кадри потенцира дека во државава има потенцијален менаџерски кадар, но како што вели проблемот е во тоа што не им се дава простор да се развиваат. Тој смета дека и во компаниите во земјава не постојат тренинг програми за дообука и усоврушување на кадрите кои имаат потенцијал да заземат менаџерски позиции.

„Следниот чекор којшто треба да го направат нашите компании е развивање внатрешни програми за тие менаџери. Затоа што менаџерот има талент во себе, но треба да стекне доста особини,“

И Дарко Велков сопственик на Агенција за вработување додава дека македонските компании не доволно вложуваат во развој на своите кадри, но вели Велков отсуствува и лично надоградување:

„Имаме малку ментален проблем кај оние коишто сакаат добра работна позиција. Тие ја сакаат позицијата, но не се доволно реални да согледаат дали имаат таков капацитет.“
XS
SM
MD
LG