Достапни линкови

Неделава започна поделбата на предметите меѓу двата Основни суда во Скопје


И покрај фактот што е предвидено законот за судовите да применува од 1 јануари годинава, дури по три месеци стартуваше дефинирањето на Основните судови Скопје 1 и 2 кои во иднина ке бидат специјализирани судови. Оваа недела започна поделбата на предметите мегу двата суда Основен суд Скопје 1, во кој ке се постапува само по кривични предмети и основниот суд скопје 2 каде ке бидат граганските предмети. Основниот суд 2 од единица треба да прими над 73 илјади грагански предмети, а треба да предаде околу 48 илјади кривични предмети. Дел од овој процес треба да се заокружи до средината на овој месец

„До 15-ти месецов е даден рок да се префрлат предметите во постапка и судиите. А, судиите веќе ги имаат добиено и канцелариите во соодветни згради. Другите предмети ќе се пренесуваат чекор по чекор,“

изјави Бекир Исени претседател на Судскиот совет на Македонија.

Поранешната министерка за правда Мери Младеновска укажува дека овој процес доцни, бидејки е пролонгирано донесувањето на подзаконските акти

„Во преодните одредби на законот е предвидено дека истиот ќе се применува од 1.1.2007 година и беше предвидено Министерот за правда да донесе упатство за преземање на предметите. Но, за жал во пракса имавме нешто сосема друго,“

вели Младеновска која додава дека упатството наместо да биде усвоено во ноември минатата година тоа се случи неколку месеци подоцна.
Претседателот на Судскиот совет Исени вели нема застој во судењата, паралелно се одвива и поделбата и постапувањето по предметите

„Имаше барања судиите да не судат неколку дена, за да може да се пренесат предметите, но ние не прифативме, па сега судиите судат, а ние постепено ги пренесуваме предметите.“

Од организацијата на судството останува во иднина да се формира Управниот суд, како и специјализирани одделенија за организиран криминал во неколку основни судови низа земјава.
XS
SM
MD
LG