Достапни линкови

Вашингтон: Американскиот долар вчера на најниско ниво во однос на еврото


Американскиот долар вчера падна на најниско ниво во однос на еврото во изминативе две години. Едно евро се разменуваше за 1,343 долари. Аналитичарите велат дека доларот паднал поради сигналите за слабост на американската економија додека европската има знаци на побрз пораст. Тоа би можело да доведе до зголемување на каматите во Европа и намалување во Соединетите Држави, што пак еврото ќе го направи уште поатрактивно за инвеститорите.
XS
SM
MD
LG