Достапни линкови

Безрезервна поддршка за членство во НАТО меѓу македонските граѓани


Македонија очекува наредната година годишнината на НАТО да ја обележува како земја кандидат, изјави денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

„Другата година, сигурни сме дека Македонија ќе го прослави овој ден на НАТО како земја кандидат, со покана за членство,“

рече Милошоски

Британскиот амбасадор во земјава Роберт Четертон Диксон чија земја е една од оние што ја поддржуваат Македонија во нејзините напори за приклучување во Алијансата вели

„Македонското членство и во Европската унија и Нато зависи од прогресот на реформит, нивната имплементација. Има напредок но останува уште да се напарви.“

За членството во НАТО голема е и поддршката од граганите. Последното истражување спроведено од Институтот за одбрана при Филозовскиот факултет покажува дека 89 проценти од граганите сметаат дека е потребно земјава да стане членка на Алијансата. На што се должи високиот процент на поддршка објаснува професорот Трајан
Гоцевски од Институтот за одбрана

„Бидејќи нашата држава имаше две три големи кризи, ембаргото од Грција и ембаргото кон Србија. Сето тоа влева една тензија кај граѓаните дека безбедносно ќе се заокружиме со членство во НАТО“

Дека има и позитивни и негативни страни членството во Алијансата вели и генералот Џон Дјуранс прв човек на советодавниот тим на НАТО во земјава

„НАТО е всушност клуб и како и сите други клубови има свои предности и недостатоци ке треба да плакате членарина но ке имате пристап и до повекето провилегии, мислам дека повекето земји сметаат дека предностите што ги добиваат бидејки се дел од евроатлатнтскиот безбедносен систем се доста значајани една е гаранција за стабилност на земјата, но и овозможува на таа земја да учествува во одржување на пошироката безбедност“

Во Хрватска која заедно со Македонија и Албанија е во Јадранската група поддршката за членство е двојно помало од она во земјава, оттука дел од јавноста смета дека е потребно оддржување на референдум. Како во Хрватска, така и во македонија ова не е обврска.
XS
SM
MD
LG