Достапни линкови

Одолговлекувањето на процесот за Косово очекувано


Откако по седницата на Советот за безбедност на Обединeтите Нации посветена на идниот статус на Косово не се презентираше единствен став на земјите членки се појавија можните опциии за одолговлекување на процесот и за варијантата која ја споменуваа одредени аналитичари- да не се донесе единствено решение туку земјите да ја признаат покраината билатерално. Портапролот на министертсво за надворешни работи Шпреса Јусуфи вели дека одолговлекувањето на процесот било очекувано

„Навистина очекуваме ова прашање да се затвори во разумен рок, затоа што одолговлекување не оди во корист ниту во корист на Косово, ниту на Србија, а ниту на регионот.“

Како би реагирала пак Македонија доколку се оствари варијантата државите да го признаават Косово поединечно Јусуфи вели дека за конечниот став ке се почекат резулатите од Советот за безбедност

„После тоа, Република Македонија согласно со својот интерес и ќе се позиционира за тоа прашање.“

Партиите пак независно дали се во опозиција или на власт се на иста линија со државниот врв. Портпаролот на ДУИ Џевад Адеми вели дека во корист на земјава е статусот да се реши што е можно побрзо

„Затоа што и порелевантни странци кажале дека нерешавањето на статусот на Косово негативно ќе се одрази на безбедносниот сегмент на овој процес.“

И од најголемата опозиона партија СДСМ со идентичен став.Како што вели портпаролот Емилијан Станковик подршка на планот на Ахтисари партијата дала уште при неговата презентација. Токму во таа насока додава Станковик треба да се води и државната политика

„За нас, најважно е што укажувањето за приоритетноста за решавањето на демаркацијата на северната граница е дел од планот на Ахтисари.“

Влатко Горчев претседател на собраниската комисја за безбедност и член на владеачката ВМРО ДПМНЕ не се согласува со мислењето дека евентуалното одолговлекување би можело негативно да се одрази врз државава

„Она што е важно е дека имаме добра атмосфера во Република Македонија и дека ние сме покажале дека сме имуни на некои косовски проблеми,“

Објаснува Горчев и додава дека и во однос на билатралното признавање на покраината државниот врв треба да го изгради својот став во согласност со позициите кои ке ги заземе Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
XS
SM
MD
LG