Достапни линкови

Според заводот за статистика пад, владата тврди дека економијата расте


Владата односно Министерството за финансии со различни податоци од Заводот за статистика за висината на Бруто домашниот производ за минатата 2006 година. Според надлежното министерство за финансии Бруто домашниот производ во 2006 година изнесува 4% додека, додека според Заводот за статистика минатата година е регистиран БДП во висина од 3,1% што е намалување во однос на претходната 2005 година кога изнесувал 3,8%. Портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски вели дека ова се должи на различните методологии кои што ги применуваат двете институции, а нивната бројка од четири отсто на БДП ја објаснува:

„Тоа се базира на засилена инвестиоциона активност во 2006 година каде што нивот на инвестициите е околу 20%, потоа засилена приватна потрошувачка, порастот на платите од 8% како и порастот на извозот.“

Истакнува портпаролот Мартиновски. Наспроти ова, коментирајќи ги пак податоците на Заводот за статистика каде е регистиран пад на Бруто домашниот производ според економските експерти резулатите се можни и се должат на намалената активност на т.н. реален сектор:

„Основен проблем за неповолното движење на БДП во македонската економија е тешката и неповолна положба во реалниот сектор, односно пред се во индустриското и земјоделското производство.“

Истакнува професор Душан Вељковиќ. Во Министерството за финансии уверуваат дека согласно економската активност и нивната пресметка за Бруто домашниот производ, реални се најавите на Владата која според своите макроекономски проекции за оваа и наредните години најавува пораст од шест проценти на БДП:

„Проекциите за 2007 година за растотот на БДП од околу 6% се базираат на овие поволни економски трендови така да очекувањата се дека растот на БДП ќе изнесува околу 6%.“

Наспроти ваквите уверувања од Владата, професорот Вељковиќ вели дека економските определби и ангажманот на актуелната Влада ветуваат, но за порасот на БДП од шест проценти според него ќе биде потребно време:

„Треба да се направат по продлабочени анализи за да се види дали двиежњата одат во правец на остварување на тој пресврт.“

Забележува професор Вељковиќ.


Со процент од 3,8% во 2005 година Македонија според резулатите е на последното место споредено со земјите од регионот. Србија со 6,3%, албанија и Босна и херцеговина со 5,5 %, хрватска со 4,3 и црна гора со 4,1 процент се пред нашата земја.
XS
SM
MD
LG