Достапни линкови

logo-print

Резултатите од работата на крај од мандатот


Наспроти високиот рејтинг на владата кој го покажуваат последните анкети и секојдневните посети на владините министри низ македонските села и градови повеќето граѓани велат дека се уште не почувствувале конкретни резултати од нејзиното работење. Платите останаа исти, невработеноста не се намали, стандардот продолжува да опаѓа, велат тие.

„Има вработени, има нешто ново? Само зборување.“
„Нема ништо ново, се менува само гарнитурата.“
„Платите се ниски.“
„Нема подобрување, се е исто.“


Сепак има и такви кои се оптимисти дека работите се менуваат и дека утре ќе биде подобро од денеска.

„За сега добро ми изгледа.“
„Се работи, ама треба време.“
„Верувам дека ќе се подобри.“


Во економијата нема брзи резултати и нерални се очекувањата од граѓаните дека брзо ќе има значителни подобрувања, оценуваат експертите. Конкретните резултати од економските мерки на владата ќе се почувствуваат многу подоцна, посочува проф. Зоран Ивановски од Факултетот за општествени науки.

„Циклусите се долги, на економијата и треба залет од повеќе години. За жал граѓаните нема да ги почувствуваат бенефитите можеби и до крајот на мандатот.“

Борбата против корупцијата, ефикасната администрација и создавањето на пазарен амбиент во кој нормално би работеле претприемачите се мерките кои Ивановски ги издвојува како успешни. Тој додава дека привлекувањето на странски инвеститори во земјата е очигледно.

„Големите брендови влегуваат во сферата на слободните трговски зони, а се најавуваат и гринфилд инвестиции.“

Од владата велат дека високиот рејтинг го заслужиле со конкретните дела, а не преку ширење на популизам.

„Владите што не се популарни се оние што не спроведуваат реформи и се популистички. Го означивме влезот на Сосиете Женерал во Македонија, во Бунарџик покрај Џонсонс Контрол влегува и Џонсон Мети, како и шведската млекарница. Распишавме тендер за трет мобилен оператор, а наскоро ќе го добиеме и четвртиот.“

вели портпаролот на владата Ивица Боцевски.
XS
SM
MD
LG