Достапни линкови

Вашингтон: Буш за војната во Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека знае оти американците се исцрпени од војната во Ирак и оти се прашуваат дали соединетите Држави можат да победат. Но, Буш во неговиот говор пред војниците кои треба да заминат во Ирак оцени дека напорите американските сили да бидат повлечени од таа земја се опасни за американската безбедност. Пред извесно време двата дома на Конгресот усвоија закони со кои воените трошоци се условуваат со конкретни рокови за повлекување. Буш веќе најави дека ќе стави вето врз овие закони.
XS
SM
MD
LG