Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Советот за безбедност на ОН до крајот на месецов треба да испрати мисија на Косово


Советот за безбедност на Обединетите Нации до крајот на месецов би требало да испрати мисија на Косово и во Србија за да ја процени ситуацијата пред да се зафати со решавање на конечниот косовски статус. Ова го изјави актуелниот претседавач на Советот, британскиот амбасадор Емир Џоунс Пери, додавајќи дека биле во тек консултации за составот на делегацијата и за времето кога таа ќе замине за Белград и Приштина. ,,Потребни ни се повече информации,, вели Пери.
XS
SM
MD
LG