Достапни линкови

Скопје: Со денешен Велики четврток започнуваат велигденските празнувања


Денеска Велики четврток кога пред изгрејсонце домаќинките ги бојадисуваат првите три црвени велигденски јајца, започнуваат велигденските празнувања. Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква во земјава и во странство. Министерството за образование и наука соопшти дека утрешниот ден е неработен ден само за припадниците на православна вероисповед, додека понеделник - 9 април, е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG