Достапни линкови

„Топката само се префрла“ а нашите проблеми остануваат, велат граѓаните


„Слабо работат и некој нема за да прашам.“

Вака реагира еден граѓанин објаснувајќи со какви проблеми се соочува влегувајќи во лавиринтите на администрацијата. Иако процесот на децентрализацијата требаше да ги олесни административните „барикади“ со преземањето на надлежностите на општините од централните власти, сепак пред неколку недели државната администрација повторно се врати во некои скопски општини. Имено, веќе неколку недели во општините Кисела Вода и Центар наместо локалните власти во сверата на урбанизмот ингеренциите ги извршува централната власт, односно Министерството за транспорт и врски, откако минатиот месец на овие две општини им беа одземени ингеренциите по контролите и укажувањата од страна на Државниот инспекторат за урбанизам за неправилности во делот на градежништвото. Само се „префрла топката,, а со тоа дополнително се зголемуваат нашите проблеми, вели една странка која чека на прием во чекалната за урбанизам во општина Кисела Вода:

„Хаотична ситуација. Детален урбанистички план од општина Кисела Вода го чекаме пет години. Топката само се шутира, општината ќе го даде во Министерството, па тоа ќе го врати. Тука сум стаж од пет години.“

Проблемите со одземањето на надлежностите на општините и повторнотo враќање во рацете на Министерството за транспорт и врски ги чувствуваат и други граѓанини. Реагираат:

„Минатиот пат неможев да добијам документ, бидејќи најверојатно беше смената на надлежните, па еве денеска ќе се обидам.

Тешко дека ќе завршам со работа, ништо не функционира во државава.“


Сите надлежности од сверата на урбанизмот сега ги извршува државниот инспекторат за урбанизам при Министерството за транспорт и врски, информираат од општина Кисела Вода. Евентуалното уривање на некои нелегални објекти, издавањето на дозволи и сите други надлежности, сега се во нивни раце, вели портпаролот на општина Кисела вода Тони Чупоски.

„Се она што тие размислуваат би можело да го реализираат, бидејќи сега сите ингеренции се под нивна контрола.“

Во општината Центар пак, втора на која што и беа одземени надлежностите во урбанизмот во период од три месеци, велат дека не се забележани поголеми проблеми откако надлежностите ги презеде Министерството за транспот и врски.
XS
SM
MD
LG