Достапни линкови

logo-print

Парламентот во кој доминираат про-руските пратеници го одби указот


Политичката криза во Украина се интензивира по одлуката на претседателот Виктор Јушченко да го распушти Парламентот и да се одржат нови избори. Неговиот указ донесен синоќа денеска влезе во сила. Парламентот, во кој доминираат про-руските пратеници лојални на премиерот Виктор Јанукович го одби указот на Претседателот и побара Уставниот суд да ја оцени легитимноста. Премиерот Виктор Јанукович предупреди на несигурна иднина на Украина.

Претседателот Јушченко ја обвини владеачката коалицијата на Премиерот Виктор Јануковиќ дека ја узурпира власата со илегално поткупување на про западните партеници со цел да го зголеми парламентарното мнозинство. Во директното телевизиско обраќање Претседателот Виктор Јушченко изјави дека негова должност била да го распушти Парламентот затоа што мнозинството на премиерот Виктор Јануковиќ го кршело Уставот.

„Мојата акција беше предизвикана од ургентнатаб потреба за заштита на државата, суверенитетот, територијалниот интегритет и Уставот на Украина, како и правата и слободите на народот и граѓаните. Тоа не е само мое право туку и моја должност.“

Парламентот ја отфрли одлуката на Претседателот Јушченко. Претседателот Олександар Мороз за изјавата усвоена од Собранието, односно украинската Врховна Рада.

„Собранието со сета одговорност се изјаснува дека нема легална причина за распуштање на Парламентот во кој луѓето се избрани на демокраски избори признати од меѓународните организации и од самиот Претседател.“

Во доцните ноќни часови и кабинетот на премиерот Јануковиќ ургираше до претседателот Јушченко да го повлече указот со цел да не се зголемат тензиите и земјата да има, како што рече, несигурна иднина. На седницата на владата министерот за одбрана на Украина Анатолиј Хрушченко, кој е сојузник на претседателот Јушченко, изјави дека армиските сили ке приомаат наредби само од Претседателот.

„Во согласност со постоечките закони, армијата ќе прима наредби само од врховниот командант Јушченко.“

Лидерот на Украинската опоизција, поранешната премиерка Јулија Тимошенко пак изјави дека Парламебнто станал ценмтар на корупција. Луѓето кои го менуваат изборот на народот, немаат повеќе право да постојат. Таа го подржа распуштањето на Парламентот уверена во победа на следните избори.

„Ние целосно ги координиравме нашите позиции околу престојните избори. Имаме коалициони договори кои ке ги регулираат нашите активности по победата на следните избори.“

Според важечкиот украински Устав, изборите за нов состав на Парламентот ќе бидат одржани 60 дена од распуштањето на Собранието.
XS
SM
MD
LG