Достапни линкови

Киев: Разговори за надминување на политичката криза во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јушченко се очекува денеска да разговара со лидерите на парламентарните партии во обид да се надмине политичката криза во земјата. Јушченко изјави дека во случај овие разговори да пропаднат, тогаш ќе го рапушти парламентот и ќе распише предвремени избори. Тој ги обвини проруските партии во парламентот за антиуставни активности, односно за убедување на некои пратеници да станат нивни членови.
XS
SM
MD
LG