Достапни линкови

logo-print

Оломонски острови: Најмалку 15 загинати во цунами


Најмалку петнаесет луѓе загинале, а голем број се водат како исчезнати во цунамито што во текот на ноќта ги погоди оломонските острови на Тихиот океан. Властите во таа земја наведуваат дека во некои крајбрежни места брановите биле високи повеќе од десет метри. Цунамито беше предизвикано по силниот земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтеровата скала чиј епицентар бил на десет киломтери под окенанот. Центарот за предупредување од цунами веднаш издаде предупредување дека високите бранови би можело да стигнат до Јапонија и Австралија, но по два часа тревогата беше укината.
XS
SM
MD
LG