Достапни линкови

Очекување и неизвесност


Претставници на Северноатлантскиот совет на НАТО денеска престојуваат на Косово. Станува збор за постојано тело во кое се застепени сите дваесет и шест членки и кое е клучно во донесувањето одлуки во Алијансата. До оваа посета доаѓа ден пред очекуваниот старт на дебатата во Советот за безбедност на Обединетите Нации за планот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово каде што со неивесност се чека расплетот на ситуацијата. Тоа особено е изразено кај косовските срби.

Атмосфера на исчекување и неизвеснот владее во многу српски села на Косово. Така е во Угљаре кое се наоѓа покрај магистралниот пат Приштина, Пеќ, во близина на Косово Поле. Србите во ова село велат дека се свесни оти за статусот на Косово е предложена надгледувана независност. Љубомир Крстиќ вели дека не ја гледа својата иднина во едно такво Косово:

„Нема зошто веќе да очекуваме некаква помош од Русија. Ние од таа Русија многу пати баравме да ни помогне и ништо од таа работа. Тоа е нивно мора да биде нивно.“

Вели Крстиќ кој додава дека во таков случај ќе го напушти Косово:

„Во матична Србија. Па како ќе биде.“

На поинакво мислење е Драгољуб Станковиќ:

„Ние и натаму живееме тука и се надеваме дека ќе останеме. А како ќе го решат статусот на Косово, тоа на крајот на краиштата е работа на Европа и на нашата држава. Се надеваме дека ќе останаме тука и ако Косово стане независно. Што се однесува до мене, јас не излегувам од тука, а се надевам дека тоа ќе го сторат и другите во селото.“

Угљаре има двесте и осумдесет домаќинства со околу илјада и сто жители. Дел од нив почнаа да ги продаваат куќите и имотот. Александар Крстиќ вели дека неговото семејство замина од селото и оти сега живее во Србија:

„Во нашето село многу е продадено, но јас ништо не продадов. Верувам и живееам со надеж дека србите повторно ќе се вратат на Косово.“

Повеќето селани на Угљане чекаат да видат како ќе биде решен статусот на Косово и што со тоа ќе им биде понудено. Славиша Костиќ, претседател на селото, вели дека до одлуката на Советот за безбедност селаните ќе бидат во недомица што да прават.

„Ние, што се однесува до село Угљане не би заминале. Посебно можам да зборувам за средната и постарата генерација. Мислам дека туак ми е најдобро. Но, не можам да живеам во општетство полно со криминал, каржби, каде што нема безбедност.“

Костиќ додава дека по конфликтот селаните се соочуваат со многубројни проблеми, пред се невработеноста, бидејќи многумина останале без работа во општествените фирми:

„Еден мал број, околу пет насто многу добро живеаат, имаат солидни примања, а деведесети и пет насто живеат од минамална плата која им доаѓа од Србија и преживуваат од својата земја. Седум генерации завршија школи, а никој не го доби своето работно место.“

Вели Костиќ.
XS
SM
MD
LG