Достапни линкови

Приштина: Делегација на НАТО во посета на Косово


Претставници на северноатлантскиот совет во кој членуваат постојаните претставници на земјите членки на НАТО, а предводен од генералниот секретар Јап де Хоп Шефер денеска ќе го посетат Косово. Посетата и претходи на утрешната дебата во советот за безбедност околу планот за идниот статус на покраината што го предлози специјалниот пратеник Марти Ахтисари. За време на посетат предвидено е Јап де Хоп Шефер и претставниците од Алијансата да се сретнат со косовскиот премиер Агим Чеку со претседателот на Парламентот Кол Бериша и со други косовски политичари.
XS
SM
MD
LG