Достапни линкови

Притисоците се дел од бугарската антимакедонска пропаганда, велат Јан Пирински и Стојко Стојков


Повторно притисоци од соседна Бугарија во однос на македонското малцинство во оваа земја. Лидерот на ВМРО БНД Красимир Каракачанов, и уште двајца историчари Георги Марков и Божидар Димитров бараат забранување на весникот на македонците во Бугарија ,,Народна Воља,,. Главниот и одговорен уредник на весникот Јан Пирински вели дека се лаги тврдењата на Карачанов и двајцата историчари дека весникот бил антибугарски, дека проповеда сепаратизам, односно дека преку него се барало повлекување на бугарската војска од Благоевград и спојување на тамошната епархија со Македонската православна црква.

„Тоа се лаги и мислам дека тоа е нивна пропаганда, дека се што е македонско е бугарско.“

Изјавува уредникот на Народна Воља за нашето радио Јан Пирински. Тој вели дека и покрај притисоците весникот ќе продоложи да работи:

„Весникот „Народна Воља“ неможе да биде забранет бидејќи тој е уставен.“

Весникот Народна Воља како што посочува неговиот уредник Јан Пирински излегува во тираж од две илјади примероци, а во основа весникот се обидува да ја разобличи бугарската антимакедонска пропаганда и во исто време се залага за развој на добрите односи мегу Македонија и Бугарија.

„И се бориме за добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.“

И Стојко Стојков претседател на партијата на македонците во Бугарија ОМО Илиниден Пирин, барањата за забрана на весникот ги толкува како дел од засилените притисоците врз македонското малцинство во оваа земја. За него е симптоматично тоа што историчарите Марков и Димитров кои заедно со Каркачанов го упатија повикот за забрана за весникот се всушност луге во власта.

„Откако беше одбиена од регистрација партијата ОМО Илинден Пирин сега изгледа овие историчари кои не се само историчари, бидејќи едниот е политичар и парламентарец како Красимир Каракачанов, а Божидар Димитров е советник на претседателот Прванов и сега тие очигледно сакаат да извршат притисок и да се затвори последната легална институција која ги брани македонските права во Бугарија, а тоа весникот Народна Воља.“

Инаку во Македонија, како што објавија и домашните медиуми, како дел од бугарската пропаганда од неодамна беше лиферуван весник насловен како Македонија-Бугарија, кој се издава во Софија. Институциите во земјава незнаат како овој весник се нашол на македонскиот пазар.
XS
SM
MD
LG