Достапни линкови

Ерусалим: Израел сака продолжување на разговорите со арапските држави кои сакаат мир


Израелските власти синоќа соопштија дека сакаат продолжување на разговорите со оние арапски држави кои се за мир со Израел, со цел постигнување мировен договор на Блискиот исток. Претходно лидерите на арапските земји на самитот во Ријад го поддржале мировниот план за завршување на повеќедеценискиот спор со Израел, но предупредиле на опасноста од насилства доколку планот пропадне. Инаку, мировниот план предвидува признавање на државата Израел, ако армијата на оваа земја се повлече од палестинските територии окупирани во 1967 година.
XS
SM
MD
LG