Достапни линкови

Њујорк: Резолуција на ОН во која се изразува сериозна загриженост за заробените британски војници


Советот за безбедност на ОН усвои резолуција во која се изразува сериозна загриженост поради заробувањето на 15 британски војници минатата недела во Иран и повика на брзо решавање на ситуацијата, вклучувајќи и нивно ослободување. На усвојувањето му претходела маратонска расправа во која бил разгледуван текст со поостра содржина за осудување на Техеран. Сепак, таа верзија не била усвоена по противењето на некои држави, пред се Русија.
XS
SM
MD
LG