Достапни линкови

logo-print

Техеран: Британија треба да го признае апсењето на нејзините маринци во Иран, рече Манучер Мотаки


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави дека Велика Британија треба да признае оти нејзините 15 маринци се уапсени во иранските води. Иранската телевизија прикажа некои од заробените, меѓу кои и единствената жена, која изјави дека тие биле во иранските води. Британскиот министер за одбрана Дес Браун ја осуди таа телевизиска снимка, оценувајки дека е целосно неприфатливо маринците да се принудуваат на вакво појавување во јавноста.
XS
SM
MD
LG