Достапни линкови

Опозицијата вели дека нема напредок, власта најавува брзо завршување на разговорите


Целосно го подржуваме тековниот политички дијалог кој се води на релација власт опозиција и веруваме дека тој дијалог наскоро успешно ќе заврши по што политичките актери во земјата ќе можат целосно да се фокусираат на политичките и економските реформи кои се неопходни за понатамошно приближување на земјата кон Европската Унија, порачуваат од канцеларацијата на ЕУ во земјава за текот на неколку неделните разговори на релација власт-опозиција. На важноста од текот на дијалогот укажуваат и од канцеларијата на ОБСЕ во земјава:

„Политичкиот дијалог меѓу опозицијата и власта е важен дел од демократијата во секоја држава и се надеваме на продолжување на обврската за дијалог меѓу сите партии и постигнување на позитивни резултати.“

Вели Сали Браутон портпарол на ОБСЕ.
Меѓународните преставници според информациите се погласни во јавноста, го губат трпението и изразуваат незадоволство од сеуште непокажанате резултати од повеќе неделниот дијалог меѓу власта и опозицијата. Пораката од Брисел деновиве на учесниците во дијалогот им ја пренесе и директорот на Генералниот директорат на Европската Комисија за проширување Мајк Ли кој порача брзо спроведување на реформите и целосна имплементација на Охридскиот договор. Ваквите забелепшки на меѓународната заедница ги подржуваат во опозиционите партии. Во СДСМ, партијата со која власта повеќе од еден месец во работни групи разгледува повеќе прашања, истакнуваат:

„Политичкиот дијалог се покажа дека е само алиби на власта за да презентира пред меѓународната заедница дека нешто се случува.“

Вели Јани Макрадули од СДСМ. Во Демократската унија за интеграција пак велат дека раговорите меѓу нивните претставници и власта се во ќорсокак. Ермира Мехмети портпарол на ДУИ изјавува:

„Наша оценка е дека за жал кај ВМРО ДПМНЕ постои тенденција да се одолговлекува тој процес.“

На забелешките од меѓународните претставници за потребата од забрзување на резултатите од дијалогот, но и на обвинувањата од опозиционите партии, посебно од ДУИ во владеачката ВМРО ДПМНЕ со поинаква информација. Разговорите не се во ќорсокак, блиску сме до договор, вели Силвана Бонева од оваа партија:

„Веќе сме при крај на процесот на разговори и мислам дека во најскоро време ќе се заврши листа на барања.“

забележува Бонева.
XS
SM
MD
LG