Достапни линкови

Мисија на ОН во Белград и Приштина пред разгледувањето на планот за статусот на Косово


Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин го повика Советот за безбедност на ОН да испрати мисија во Белград и во Приштина пред да започне со разгледувањето на планот за статусот на Косово на специјалниот пратеник Марти Ахтисари. Според Чуркин, кој предлогот го даде во ОН на затворените консултации за Косово, таа мисија треба да се запознае со актуелната ситуација и да ги собере сите потребни информации.

Зборувајки по затворените консултации рускиот амбасадор во Светската Организација Виталиј Чуркин рече дека е потребно да се испита спроведувањето на резолуцијата 1244 која е основа за сите меѓународни напори на Косово.

„Според нас тоа е логично и е императив да видиме до акде е примената на резолуцијата 1244 пред со сета одговорност да прејдеме да го разгледуваме планот на господинот Ахтисари.“

Според рускиот амбасадор реакциите на овој негов предлог од колегите на Советот биле позитивни иако треба да се консултираат со своите влади, Актруелниот преседавач на Советот за Безбедност амбасадорот на Јужна Африка Думисани Кумало од своја страна изјави.

„Во основа патувањето на Косово беше предложено од Соединетите Држави. Но тоа беше во времето кога многу делегации излегуваа со свои предлози. Но сега, како што се консултирав со експерти веќе не е важно.“

Според Виталиј за Косово е потребно договорно решение, прифатливо за двете страни.

„Не би сакал да го критикувам предлогот на Ахтисари позади неговиот грб. Со него Русија има блиски односи и соработка и го подржувавме во неговите преговарачки напори. Ние имаме некои прашања и јас ги очекувам престојните дискусии во Советот за Безбедност во присуство на Марти Ахтисари.“

Седницата на Советот за Безбедност на која ќе се расправа за предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово се уште не е закажана, но се очекува таа да биде одржана на почетокот на идниот месец. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера изјави дека е се уште рано да се зборува за тоа кој и како ќе гласа за нова резолуција за Косово.
Во предлогот на пратеникот Марти Ахтисари се предлага Косово да стане стане независно со надзор на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG