Достапни линкови

Њујорк: Мисија на Косово пред да биде разгледан предлогот на Ахтисари, порача Виталиј Чуркин


Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин го повика Советот за безбедност на ОН да испрати мисија во Белград и во Приштина пред да започне со разгледувањето на планот за статусот на Косово на специјалниот пратеник Марти Ахтисари. Според Чуркин, кој предлогот го даде во ОН на затворените консултации за Косово, таа мисија треба да се запознае со актуелната ситуација и да ги собере сите потребни информации. Во предлогот на пратеникот Марти Ахтисари се предлага Косово да стане стане независно со надзор на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG