Достапни линкови

Вашингтон: Сенатот го поддржа напуштањето на американските трупи од Ирак до март 2008 година


Американскиот Сенат го подржа напуштањето на американските трупи од Ирак до март наредната година. Со 50 гласа „за“ и 48 „против“ Сенатот го усвои предлог законот за финансирање на војните во Авганистан и Ирак, со кој е одобрено 121 милијарда долари, но со услов за повлекување на трупите до 31 март 2008 година. Американскиот претседател Џорџ Буш најави дека ќе стави вето на било кој закон со кој се наметнува датум за повлекување на трупите. Гласањето во Сенатот доаѓа откако претставничкиот дом на американскиот Конгрес минатата недела усвои сличен предлог закон во кој 1 септември 2008 година беше одреден како краен рок за повлекување на американските трупи од Ирак.
XS
SM
MD
LG