Достапни линкови

logo-print

Политичкиот дијалог е важен за македонските евроатлантски интеграции


По неколку неделен дијалог меѓу работните групи на ВМРО ДПНМЕ и ДУИ членовите на двете партии со различни оценки околу атмосферата во која се одвиваат преговорите. Додека Силвана Бонева член на преговарачкиот тим на владаечката партија вели дека нема застој и атмосферата е конструктива, потпреседателот на ДУ Рафиз Алити со различна кфалификација:

„Нашите информации говорат дека тешко одат преговорите, посебно за листата на закони, така што мислиме дека во текот на неделава ќе почне да се преговара и за другите точки, посебно за законот за припадниците на ОНА, законот за јазиците.“

Инаку и од двете партии потврдуваат дека на синоќешната средба главна тема била листата на закони кои би се гласале со Бадентеровиот принцип. Бонева вели дека од нивната позиција неприфатливи се неколку барања на опозицинерите:

„Сите закони кои што се од економската свера кои немаат врска со овие области, сите овие закони за нас се неприфатливи и законите од областа на безбедноста и одбраната.“

Објаснува Бонева која е и со спротивен став од тврдењето на Алити дека барањето за избирање на Влада со Бадентер е веќе на маса на преговарачките тимови:

„Тоа не е предмет на разговор на групите кои што веќе работат. Наша задача е да ги усогласиме ставовите по однос на листата на закони кои што треба да се гласаат според Бадентер.“

И додека од ВМРО ДПМНЕ велат дека разговорите ке продолжат откако тие ке се косултираат со нивниот лидер, а од ДУИ сметаат дека добро е дијалогот да се финализра што побрзо, предупредувањето на аналитичарите дека тој е важен не само за нашата внатрешно политичка сцена туку и за интегрирањето во евро атланските структури почна да се остварува. Имено потсекретарот на американскиот Стејт Департмент Николас Барнс вчера од Брисел порача дека Соединетите Американски Држави би сакале да ја пружат истата подршка на Албанија и Македонија за влез во НАТО како што и ја пружаат и на Хрвтаска, но останува на Тирана и Скопје да ја заслужат. Иако не прецизираше што конкретно треба да се направи се алудира дека Барнс мисли токму на политичкиот дијалог.
XS
SM
MD
LG