Достапни линкови

logo-print

Од брзината на реформите зависи датумот на преговори за членство на Македонија во ЕУ


Европските претставници деновиве со апел до надлежните институции во земјава да стават акцент на имплементацијата на Рамковниот договор, политиката на вработување на припадници на заедниците, продолжување на процесот на децентрализација посебно во делот на фискалната децентрализација, како и на реформите во судството и борбата против корупцијата. Овие забелешки ги упати Мајкл Ли, генерален директор на Генералната дирекција на Европската комисија за проширување кој од вчера престојува во земјава. Од македонските институции укажуваат дека нема застој во овие процеси и дека станува збор за долгорочни активности. Владиниот сектор за спроведување на Охридскиот договор соопштува дека деновиве повторно се распишани конкурси за вработување на припадници на заедниците во повеќе министерства, а неодамна и во Агенцијата за разузнавање. Министерот за локална самоуправа Зоран Коњановски информира дека во јули оваа година ќе започне втората фаза од фискалната децентрализација со што на градоначалниците ќе им се овозможи самостојно да менаџираат со оние финасиски средства кои досега им беа доделувани наменски. Според нас, вели тој нема застој во процесот на децентрализација:

„Во овој момент неможам да кажам дека има ризици за застој на процесот на децентрализација затоа што такво нешто немаме препознаено. Имаме веќе воспоставено механизми за пратеење на самиот процес, добро се знае дека преку работната група за децентрализација и десетте тематски подгрупи вршиме мониторинг врз самиот процес на децентрализација и предлагаме мерки. Досега процесот на децентрализација се одвива согласно веќе донесената програма.“

Изјави министерот Коњановски. Европскиот претставник Ли вели дека патот на Македонија кон Европската Унија ке зависи од тоа со каква брзина ке се одвиваат реформите:

„Датумот за почеток на преговорите со било која земја па и со Македонија ќе зависи од степенот на подготвеност на самата држава. Еден дел од реформите се реализирани, но останува уште многу да се направи.“

Европскиот претставник попладнево ке присуствува на свеченото отворање на Правосудниот информатички центар, а ќе одржи и предавање на Економскиот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG