Достапни линкови

Во оваа фаза не може да се зборува дали Македонија меѓу првите ќе го признае Косово


Во оваа фаза не може да се зборува дали Македонија би била мегу првите земји што ке ја признае евентуалната независност на Косово, велат од министерството за надворешни работи

„За сега ја очекуваме одлуката на Советот за безбедност во ОН, а потоа согласно со решението, чекорите на релевантните фактори од меѓународната заедница и нашите интеереси ќе ја утврдиме нашата позиција по тоа прашање. Сега е несериозно да се зборува за такви прашања, дали е прва, втора или трета, ние ќе се водиме од нашите национални интереси,“

изјави Шпреса Јусуфи од МНР.

Од официјален Белград пак велат дека дококлку некоја земја ја признае независноста на покраината ке има последици во билатералните односи. Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност посочува дека Србија може да дејствува во таа насока ако се превземаат чекори пред одлука од Советот за безбедност при Обединетите нации, но доколку признавањето се случи по официјална одлука на меѓународната заедница српските власти не можат да превземаат такви чекори. За тоа какви може да бидат реперкусиите по Македонија и во кои области ако се направат избрзани чекори Марковски вели:

„Република Македонија има голема зависност во трговската размена со Република Србија, многу поголема отколку со Косово. Веројатно ќе зајакне и притисокот на СПЦ кон МПЦ, во врска со независноста, односно автокефалноста.“

Од Министерството за надворешни работи не очекуваат дека официјален Белград би реагирал ако Косово биде признаено по одлука на Советот за безбедност при Обединетите нации

„Ние како и сите останати меѓународни фактори очекуваме и Србија да ја избере европската перспектива, што и ние сме ја избрале. Сметаме дека и тие ќе најдат механизми да ја надминат ситуацијата и реално да му пристапат на прашањето,“

изјави Јусуфи.
XS
SM
MD
LG