Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран ќе ја прекине соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија


Официјален Иран соопшти дека ке ја прекине соработката со Мегународната Агенција за атомска енергија и уште еднаш го повтори ставот дека нема да го стопира збогатувањето на ураниум.Овој потег следува откако Советот за безбедност на ОН во саботата изгласа нови санкции против Техеран. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера изјави дека резолуцијата е нелегална и дека тие нема да ја запрат својата нуклерна програма како што рече ниту за една секунда.Тој додаде и дека ке ги преиспитаат своите односи со земјите кои што стојат зад последната резолуција со која се блокира извозот на оружје и се замрзнуваат сметките на лицата и организациите за кои се смета дека се инволвирани во нуклерната програма.
XS
SM
MD
LG