Достапни линкови

Проширувањето најважен политички инструмент на ЕУ


Денеска се одбележуваат пеесет години заедничка Европа. Формирана во илјада деветстотини педесет и седмата година од седум држави со цел вистински крај на конфликтите во Европа, денешната дваесет и седум члена Европска Унија прерасна во најсофистициран експеримент на регионалната соработка и на колективниот суверенитет во светот. Се покажа дека најважен нејзин инструмент е проширувањето.

Првите членки, Белгија, Франција, Италија, Луксембург, Холандија и Западна Германија се уште играат моќна улога во детерминарњето на идните насоки на Унијата. Но, постепеното проширување, вклучувајќи ги и оние на Британија во седумдесет и третата, на Шпанија во осумдесет и шестата и на Полска во две илјади и четвртата придонесе за проширување на коридорите на влијание во самата заедница, но и надвор од неа. ,,Проширувањето е една од најсилните политички алатки на Европската Унија,, велат некои дипломати во Брисел. Во осумдесетите години од минатиот век можноста за влегување во Унијата помогна за поттикнување на демократијата во Грција, Шпанија и Португалија. Тоа истото се случи и во деведесетите години со источно европските земји. Продолжувајќи го тој процес Бугарија и Романија станаа најнови членки на Унијата што пак уште еднаш ја симболизира, како што вели претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо, натамошната реунификација на нашето европско семејство. Евролидерите се убедени дека Унијата со таканаречната мека моќ може да им донесе мир, стабилност и напредок на земјите кои се во нејзино соседство. Но, истите тие лидери се повеќе сметаат дека идните проширувања треба да бидат диктирани од способноста на сегашните земји членки да ги апсорбираат и интегрираат посиромашните земји кои чукаат на вратите на Европската Унија. Преговорите за членство се во тек со Хрватска и со Турција. Македонија е призната како потецијална членка и покрај тоа што вистинските преговори за тоа треба допрва да почна. Еврокомесарот за проширување Оли Рен исто така останува непоколеблив дека клубот не треба да ги затвора вратите за земјите од Западен Балкан за кои вели дека имаат јасна европска перспектива. Како и да е, никој не негира дека Европската Унија е во средината на изненадувачкиот напад на вибрациите за проширување. Но, тоа по се изгледа станува се потешко, особено по неуспешните референдуми во Франција и Холандија за новиот европски устав и по пресметките дека секое проширување многи ги чини старите членки на Унијата. ,,Знеме дека ние не можеме да ја прифатиме секоја земја која сака да ни се придружи,, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по евросамитот во декември лани во Брисел. На овој состанок лидерите се согласија дека новите земји ќе бидат прифатени само доколку постојните членки заклучат дека тие ќе можат да се справат со финасиските, социјалните и институционалните тешкотии на проширувањето. Ова ќе има последици за земјите од Западен Балкан, сметаат аналитичарите.
XS
SM
MD
LG