Достапни линкови

Багдад: Ниту Запад, ниту Ирак нема да имаат корист од преберзо повлекување на американските трупи


Ни Западот ни Ирак нема да имаат корист од пребрзо повлекување на американските сили од земјата. Ова го изјави ирачкиот потпретседател Тарик ал Хашими, кој поздравувајки ја времената рамка рече дека повлекувањето не смее да се случи пред ирачките трупи да бидат готови сами да се справат со ситуацијата за што ќе им требало година и пол. Вчера, Амероканскиот Конгрес гласаше во Август 2008 да биде крајниот рок за повлекување на војниците од Ирак. Демократите успеаа да го приклучат ова кон авторизацијата на над 124 милијарди фондот за војните во Ирак и Авганистан. Овој чекор предизвика силна реакција и вето од претседателот Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG