Достапни линкови

Поради визите за влез, многу граѓани на Молдова оставени на цедило


Откако Романија на 1 јануари стана членка на Европската Унија, нејзиниот конзулат во соседна Молдова секој ден е опседнат од стотици луѓе кои аплицираат за Романски пасош. Ова потикна некои западни медиуми да алармираат на потенцијалната инвазија на ефтина молдавска работна сила со романски пасоши. Како и да е според нашиот дописник Еуген Томиуц, загриженоста е поголема во самата Молдова отколку во Унијата и Романија.

Потребата да се има виза за влез во Романија од 1 јануари годинава остави на цедило многу граѓани од соседната Молдова. Романија стана членка на ЕУ. Визите се воведоа и многумина како Лилијана Раиленау претходно работела преку границата.

„Заработував доволно за леб, за храна додека работев во Романија. Сега седам дома, не работам, а имам деца за хранење и ситуацијата ке се влошува ако не можеме да одиме повеке во Романија.“

Молдова до пред Втора Светска Војна беше дел од Романија. Две третини од населението на 4,5 милионската земја се етнички романци. Теоретски тие би можеле да добијат романско жителство бидејки Букурешт во 1991 донесе закон со кој тоа го дозволи. Сега се создадоа гужви пред романската амбасада во Кишињев. За три месеци има 400 илјади апликации за пасоши. Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека се очекува 800 илјади молдавци да побараат ромаснки пасош. Заапдните медиуми предупредија дека не веруваат ото молдавците ке се населат во сиромашната Романија туку дека ќе одат во богатите земји членки на Унијата. Сепак засега нема егзодус, што укажува дека речиси милион молдавци веќе работат на легално или на црно на запад.

„Јас мислам дека не е мудро да шпекулираме со драматчни бројки на милиони луѓе кои одеднаж станаа романци а со тоа и граѓани на Европската Унија.“

изјави портпаролот на Европската Комисја Фрисо Роскам Абинг наведувајки дека Брисел и Букурешт работат блиску врз проблемот на жителството. Во меѓувреме, романските власти треба да процесуираат по 10 илјади барања за виза месечно. Целото прашање за визи и пасоши доби и политички предзнак меѓу Букурешт и Кишњев. Романскиот претседател Трајан Басеску и молдавскиот Владимир Вороњин се согласија во Молдова да се отворат уште два ромаски конзуилата, но последниет месеци содносите се затегнаа. Комунистичката влада на Вороњин го обвини Букурешт дека е закана за Молдовската национална безбедност и реши да не дозволи отворање на конзулатите. Истовремено повеке како иритација отколку серизоно Кишњев им понуди на 8 те милиони граѓани на романската провинција Молдавија да земат молдовско жителство.
XS
SM
MD
LG