Достапни линкови

Политиката и науката не треба да се мешаат


Инсистирањето на невладината организација Разбуди се во ископувањето на скопското Кале да учествуваат и археолози од Албанија и Косово не наиде на подршка во стручната јавност. Според арехеологот од Косово Кемал Љутци кој како што вели често соработува со македонските колеги нивното вклучување доага во предвид доколку тоа се реализира во рамки на веке договорена соработка

„Ама тоа е само кога раководителот на ископување бара екипа и прави екипа, а да се мешам во туѓи работи – не.“

Во врска пак со сомнежот на Разбуди се дека би можеле да се скријат одредени пронајдоци кои би биле во корист на албанците од регионов Љутци со став дека тоа не е реално

„Тоа не верувам. Кога јас работам на ископување, треба да биде објективно се, што ќе се најде тоа се презентира. Јас можам да кажам дека тоа е од тоа време, или тоа од тоа време, кога ќе дојде некој мој колега и ќе го види тој материјал ќе знае за тој материјал.“

Со сличен став е и неговиот македнски колега универзитетскиот професор Виктор Лилчик кој ја проблематизра и позадината на ова барање

„Во случајов се користи археологијата во политички цели. Да се докаже дека Илирите живееле тука, а ние тоа ќе го сокриеме. Тоа е нон сенс. Такво нешто не може да биде и никогаш не било,“

вели Лилчик и додава дека инститирањето на невладиниот сектор е
неоправдано и навредливо за стручната јавност и преставува удар врз државноста и институциите на Македонија.Тој се сомнева и во причината зошто работата на домашните археолози се проблематизра токму во овој период

„Каде беше таа организација последните десетина години кога се копаа низа археолошки локалитети од железното доба во скопскиот регион?“

Спротивно од Лилчик аналитичарот Назми Малики вели дека не треба да се политизра и проблематизра ниту барањето на Разбуди се, ниту пак работата на археолозите

„Треба да се најде некоја можност за подобро објаснување и овие истражувања да бидат потранспарентни.“

Инаку во истражувањата на скопското кале се вклучени и албански археолози од Македонија. Движењето Разбуди се кое минатата недела одржа собир најави радикализирањето на начинот на кој го изразуваат нивното барање.
XS
SM
MD
LG