Достапни линкови

Се зголемува бројот на македонски граѓани кои сметаат дека ЕУ има негативен став кон Македонија


Последните сигнали кои што доаѓаат од Брисел, околу скептицизмот за натамошното проширување на Европската Унија се до нејзиното внатрешно консолидирање односно донесувањето на европскиот Устав, најавите дека во претстојната Берлинска декларација најверојатно нема да биде споменато идното проширување на Унијата, напуштањето на праксата на земјите аспирантки во иднина да им биде одредуван датум за прием, но и фактот дека подолго време не се гледаат ефектите од нашите евроинтеграции, влијае врз јавното мислење на граѓаните во државава. Имено, според најновата анкета на Инситутот за демократија, се зголемува бројот на македонски граѓани кои што сметаат дека Унијата има негативен став кон нашата држава. Од 5 % во 2005 година, сега 11 % од македонските граѓани сметаат дека земјите од ЕУ имаат негативен однос кон земјава:

„Граѓаните не чувствуваат дека има нешто ново околу развојот на односите меѓу Макеоднија и Европската Унија.“

Ги објаснува причините за ваквиот став аналитичарот Владимир Божиновски од Институтот за демократија кој ја спроведе оваа анкета. Иако се зголемува бројот на македонски граѓани кои сметаат дека земјите од Европската Унија имаат негативен став кон Македонија, кај нив сепак сеуште постои високо расположение за членството на државава во ЕУ, што изнесува 90%. Слично е и јавното мислење во однос на нашите интеграции за НАТО. Професорот од Филозофскиот факултет Трајан Гоцевски истакнува:

„Сондажата на јавното мислење по основ на НАТО, освен во 2001-та година во сите други години покажува висок процент, а во декември 2005 година, тој процент се искачи на 90 отсто.“

Професор Гоцевски сепак вели дека евро-атлантските интеграции на земјава треба да се водат паралалено и на двата процеси треба да се гледа како на заеднички приоритет. Според негово мислење земјава сепак е поблиску до својата интеграција кон НАТО, а едното според досегашната пракса во светот, вели Гоцевски носи побрз влез во другата инситутција односно ЕУ:

„На прво место е нашето зачленување во НАТО кое што пак понатаму ќе ги отвори нашите перспективи и за побрзо приближување на Македонија кон стандардите на ЕУ. Значи процесите се паралелни, треба да се водат заедно но според мене за нас е од круцијално значењ прво да ја добиеме поканата за влез во НАТО.“ ,

Забележува проф. Гоцевски.


а неизвесноста на процесот на проширување на Унијата се до нејзиното внатрешно консолидирање, влијае врз јавното мислење на граѓаните во државава. Имено, според анкетата на Инситутот за демократија, Најновиот сигнал дојде од еврокомесарот за проширување Оли Рен дека во претстојаната берлинска декларација по повод 50 годишнината од Европската Унија, нема да биде споменато идното проширување на Унијата кон Балканот.
XS
SM
MD
LG