Достапни линкови

Одлагањето на решението за Косово може да доведе до ескалација на ситуацијата


Одлагањето на решението на статусот на Косово може да доведе до ескалација на ситуацијата, бидејќи луѓето ќе бидат фрустрирани поради нејасната иднина. Ова го оценува Мајкл Пејџ, експерт во секторот за разгледување на внатрешната безбедност, додавајќи дека на Косово му е потребна нова резолуција на Советот за безбедност. Тој смета дека на северот на Косово продолжуваат етничките тензии кои лесно можат да се претворат во насилство.

Недефинираниот статус, невработеноста, слабата економија, се причините кои предизвикуваат фрустрации кај косоварите и поради тоа тие би можеле да реагираат еуфорично, оцени Секторот за внатрешна безбедност.

„Видовме постојани фрустрации меѓу граѓаните, што се зголемува со прашањето за иднината на Косово. Кога имаме популација со таква фрустрација порано или подоцна лесно може дадојде до влошување и до криза.“

Пејџ оценува дека ризикот работите да излезат од контрола е многу голем и оти секое натамошно одлагање на решението на статусот ја зголемува загриженоста на косовските граѓани:

„Ситацијата е многу напната. Тензиите ќе растат се додека луѓето не бидат сигурни за иднината. Доколку работите брзо не се разјаснат и не почне решавањето на проблемот, ме загрижува дека може да дојде до насилства.“

Претставниците на меѓународниот сектор за разгледување на внатрешната безбедност предупредуваат на предизвиците и затоа препорачуваат формирање одбранбени сили на Косово, министерство за одбрана и други соодветни служби. Слично се предвидува и во предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари.

„Доколку две институции издаваат слични препораки, тоа покажува дека Косово има проблем со таквите структури.“

Вели Пејџ, наведувајќи дека сега тоа е проблем бидејќи создавањето на такви институции не е предвидвено со постојната резолуција дванаесет четириесет и четири на Советот за бездбедност. Сепак, според него, решавањето на меѓуетничките тензии на Косово е единствено можно со побрз економски развој и со отворање на нови работни места.
XS
SM
MD
LG