Достапни линкови

Се надевам дека европскиот Устав нема да биде пречка за идните проширувања, рече Кокс


Работете, а не ја анализирајте секоја реченица од Брисел на патот на вашите евроинтеграции, порача денеска во Скопје Претседателот на меѓународното европско движење и поранешен претседател на Европскиот парламент Пат Кокс:

„Мора да имате погенерална перспектива. Тоа е она што ви кажав. Не дека треба да го игнорирате она што го кажува Брисел, туку интелигентно да го интерпретирате нивното значење. Мислам дека ЕУ мора да се модернизира, мислам дека дел од модернизирањето е повторниот консензус за своите реформи за тоа како работи и капацитетот на дејствување, демократијата итн. Ви реков и цврсто верувам во ова, дека можниот распоред за исполнување на овие реформи нема да се вмеша со можниот распоред на вашето пристигнување во ЕУ.“

Истакна Кокс.
За сигналите кои што во меѓувреме стигнуваат од Брисел, дека во претстојната берлинска декларација која ќе биде објавена по повод 50 годишнината од Римскиот договор најверојатно нема да биде споменато идното проширување на Унијата кон Балканот поради потребата од внатрешно консолидирање на Европската Унија, односно надминувањето на кризата околу донесувањето на европскиот устав, Пат Кокс со коментар:

„Има голема европска детерминираност да не бидат поразени со поразите од референдумите, туку да се открие кои делови од „вежбата“ може да се спасат и иницираат и верувам дека на крајот од германското претседателство веројатно ќе најдете распоред за европските реформи и веројатно тоа е 2009 или 2010 година за целосна ратификација. И затоа јас во оваа насока кажав дека не верувам дека ова ќе се вмеша со македонските аспирации.“

изјави денеска во Скопје претседателот на меѓународното европско движење Пат Кокс. Домашните експертите пак порачуваат дека иако може да има одредено забавување во однос на проширувањето, сепак според нив нашето членство во Европската Унија најповеќе зависни од успешноста во спроведувањето на домашните задачи:

„Тоа незначи дека процесот на евроинтеграции на Македонија е забавен или успорен, но се додека не се решат овие прашања внатре во ЕУ, нема да има ново проширување.“

Вели политикологот Дане Талески.
Актуелниот претседател на меѓународното европско движење Пат Кокс денеска во Скопје имаше обраќање по повод 50 годишнината од Римскиот договор потпишaн на 25 март 1957 година. Договорот од Рим се смета за темел на денешниот изглед на Европската Унија која ја сочинуваат 27 земји членки.
XS
SM
MD
LG