Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Продолжуваат консултациите во Советот за безбедност за нови санкции кон Иран


Денеска продолжуваат консултациите на Советот за безбедност на ОН за воведување нови санкции спрема Иран поради неговата нуклеарна програма, со кои би бил забранет извозот на оружје. Со санкциите се предвидува и замрзнување на финансиските средства во странство на 28 лица, групи и претпријатија. Во меѓувреме, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повтори дека неговата земја има право на нуклеарна моќ и оти Западот мора конечно да го признае тоа.
XS
SM
MD
LG