Достапни линкови

Вашингтон: Меѓународното ембарго за палестинската влада останува на сила


По телефонската конференција на таканеречениот квартет за Блискиот Исток, Соединетите Држави соопштија дека меѓународното ембарго за палестинската влада останува во сила. Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана изрази надеж дека палестинците наскоро ќе ги исполнат условите за укинување на ембаргото. Од палестинската влада се бара да го признае Израел, да се откаже од насилствата и да ги почитува досегашните мировни договори.
XS
SM
MD
LG