Достапни линкови

logo-print

Хаг: Денеска и утре статусна конференција за случаите Бошковски и Тарчуловски


Во Хаг денеска и утре ке се одржува статусна конференција за случајот Бошковски Тарчуловски последна пред почетокот на судењето на 16 април. Според утврдената процедура на постапување на Трибуналот во Хаг, судиите, обвинителите и адвокатите на одбраната, на статусната конференција треба да направат преглед на предметот, на преземените активности и на собраните докази и други материјали. Предвидено е Бошкоски и Тарчуловски да се изјаснат за нивната здравствена состојба и за третманот што го имаат во притворот во Шевенинген. Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски уште во април 2005 година се изјаснија дека не се виновни за обвинувањата за кои се товарат во случајот Љуботен, од конфликтот во Македонија од 2001 година.
XS
SM
MD
LG