Достапни линкови

Воена операција во Ирак за отстранување на Хусеин


Пред 4 години на денешен ден Вашингтон ја започна воената операција во Ирак. Целта да се острани Садам Хусеин и заканата од оружје за масовно уништување беше брзо остварена. Но, стабилизацијата на Ирак оди тешко. Напади, верски насилства, мешање на соседите се огромен проблем и покрај демократските избори.

„По моја наредба, коалиционите сили започнаа селектирани напади врз цели од воено жалење за да се оневозможи Садам Хусеин да води војна. Ова е почетна фаза од широка кампања.“

го објави стартот на војната пред 4 години во ТВ обраќањето до нацијата американскиот претседател Џорџ Буш. По три недели на 9 април 2003 американските сили влегоа во Багдад каде што беше урната статуата на диктаторот Садам Хусеин. Натамошната историја вели дека Садам Хусеин беше фатен, суден за масовни убиства и обесен на 5 ноември 2006 година

„Судбината на Садам и неговите помошници е поука за сите. Сите тирани да знаат дека ќе добијат тоа што го заслужуваат од раката на тие кои страдаа и претрпеа неправда.“

рече тогаш веднаш по егзекуцијата Абдул Азиз ал Хаким лидер на најмоќниот шиитски исламски блок во ирачката влада. Меѓутоа и покрај првите демокрастки избори во декември 2005, во Ирак и натаму не владее мирот. Напаѓачите се најактивни меѓу сунитите кои беа базата на режимот на Садам Хусеин. Нивната огорченост посебно порасна по изборите на кои главната моќ ја добија ирачките шиити. Денеска на теренот владее состојбата око за око - заб за заб меѓу милитантите од двете групи.

„Да се стави Ирак над лините и верските агенди ке биде критично во следините месеци. Ако лидерите и обичните луѓе тоа го направат, ке бидат наградени како основачи на модерен Ирак и како мудри и храбри луѓе.“
порача новиот американски командант во Ирак генерал Дејвид Петреус пред две недели. Вашингтон во меѓувреме прогресивно испраќа дополнителни 20 илајди војници на веке постоечките 130 илјади.

„Во Ирак нашаат цел останува демократска нација со владеење ан законот и правото и безбедност на граѓаните. “

порача пред едена недела американскиот потпретседател Дик Чејни. Во меѓувреме се истражуваа начини за подобрување на безбедноста со инволвирање на соседите како Иран и Сирија кои Вашингтон ги обвини дека со своите активности доливаат гориво на насилствата во Ирак. На почетокот на месецов во Багдад се организираше и конференција на која беа преставници на Соединетите Држави, Иран и Сирија. Како прашање по победата на демократите во Конгресот се поставува и до кога американските трупи ке останат во Ирак.
XS
SM
MD
LG