Достапни линкови

Опозицијата смета дека не е потребен ваков закон


Претставниците на опозицијата со низа на забелешки за иницијативата на владата за донесување на закон за соработка со Хашкиот трибунал.
Една од забелешките е што во законот има само еден мал дел што се однесува на соработката со Трибуналот кога станува збор за единствениот случај од Македонија оној на Љубе Бошковски. Затоа оценките се дека власта со овој закон сака само да го одолговлекува враќањето на останатите четири случаи за кои во Хаг не се поведе постапка. Ако не е така велат од опозицијата, тогаш би требало законот да се донесе во една фаза:

„Ако веќе е евидентно дека ова не се сложен закон и дека може се да се сведе на пет до шест члена, зошто не се оди во една фаза, да имаме и предлог за донесување закон со предлог закон, но очигледно идејата е да се купи време, да се убедат веројатно меѓу себе Груевски и Тачи дека нема бегање од враќањето на четирите Хашки случаи, зошто јас несваќам инаку зошто инаку би давал такви небулозни изјави министерот за правда кој тврди дека тој ќе проценел, јас незнам само според кое дискреционо право, кога е подготвено македонското правосудството да ги реши овие случаи.“

Изјави Владо Бучковски од СДСМ.
Дека законот е само збир на правните норми од Статутот на Хашкиот трибунал и македонското казнено законодавство потврдува и Снежана Мојсова од Министерството за правда:

„На некој начин знаеме дека се применуваат одредбите од тие документи и плус одредбите на законот за кривична постапка на нашата држава, што значи на некој начин се усогласени нашите одредби со тие.“

Во ДУИ сметаат дека нема потреба од ваков закон бидејки соработката со Трибуналот за случајот Бошковски се одвива согласно со постојните норми, но исто така посочуваат дека не е потребен и за четирите случаи што треба да се вратат во Македонија:

„Што се однесува до четирите случаи кои се против поранешните борци на ОНА мислиме дека тоа не е во ред, бидејќи нема дело против човештвото, така што мислиме дека со овој закон само се прави политичка пропаганда.“

Изјави Рафиз Алити кој додава дека тие нема да го поддржат усвојувањето на законот. На прашањето дали СДСМ ќе го поддржи законот, Бучковски вели:

„Ние треба да бидеме конзистентни во нашата политика и во 2005 и на почеткот на 2006-та кога ВМРО ДПМНЕ во предизборни цели се обидуваше да се додворува на македонската јавност со носење на законот за соработка со Хашкиот Трибунал се покажа дека тој не е неопходен и тогаш СДСМ беше против.“
XS
SM
MD
LG