Достапни линкови

logo-print

Кабул: Талибанците го ослободиле киднапираниот италијански новинар


Талибанците соопштија дека го ослободиле италијанскиот новинар, кој беше киднапиран поради сомнение дека е шпион. Репортерот на италијанскиот весник „Република“ Даниеле Мастроџакомо, роден во Карачи во Пакистан, бил ослободен откако претходно авганистанските власти пуштиле на слобода двајца членови на талибанците, соопшти талибански портпарол. Талибанците вчера за три дена го продолжија поставениот ултиматум за егзекуција на киднапираниот италијански новинар. Ден претходно киднаперите соопштија дека го убиле едниот од двајцата Авганистанци кои беа одвлечени заедно со репортерот на „Република“.
XS
SM
MD
LG