Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Советот за безбедност на ОН утре ќе расправа за ситуацијата во Косово


Советот за безбедност на Обединетите нации утре на седница во Њујорк ќе ја разгледува состојбата во Косово. Според најавите, редовниот шестмесечен извештај би требало да го поднесе шефот на УНМИК Јоаким Рикер. На седницата нема да се расправа по предлогот на Марти Ахтисари кој во чевртокот му беше предаден на генералниот секретар на ОН Шефот на УНМИК Рикер пред заминувањето за Њујорк изјави дека извештајот за остварените стандарди на Косово во периодот од ноември минатата до февруари оваа година ќе биде позитивен. Тој во изјавата за радио Слободна Европа оцени дека утрешната седница на СБ би можела да биде последна на која ќе се расправа за реализацијата на стандардите и оти „тоа прашање, после утврдувањето на статусот, ќе биде во надлежност на ЕУ“.
XS
SM
MD
LG